📸🎥Хорор во училиште во Русија: Малолетник избоде ученици и персонал, неколку мртви

Тежок и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетен ученик со нож нападнал луѓе во образовната институција.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Х

Тежок и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетен ученик со нож нападнал луѓе во образовната институција.

Нападот се случил во селото Горки-2, во Одинцовскиот округ на градот.

Според соопштението на Рускиот истражен комитет, тинејџерот прво избодел чувар на училиштето, а потоа нападнал ученик. Десетгодишното дете, и покрај обидите да му се помогне, им подлегнало на повредите и починало.

Полицијата во Московската област соопшти дека итниот повик бил примен околу 9 часот наутро. Во официјалниот полициски извештај се наведува дека напаѓачот, покрај нож, користел и бибер спреј, кој го испрскал кон обезбедувањето пред да го продолжи нападот.

Руските власти објавија дека напаѓачот е совладан, неутрализиран и приведен, а во тек е истрага за утврдување на сите околности на ова злосторство. На социјалните мрежи се појавија тврдења дека има повеќе повредени, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Дополнителна јавна загриженост предизвика видео од нападот што се појави на интернет, наводно направено од самиот напаѓач. Видеото беше опишано како крајно вознемирувачко.