Возачите и шефовите на тимовите имаа можност во среда да гледаат специјална проекција на филмот „Ф1“ во кој глуми Бред Пит. Премиерата се одржа во Монте Карло, каде што во недела (15 часот) ќе се одржи осмата трка во шампионатот. Интересно е што филмот не го гледале само двајца возачи – Макс Верстапен и Ленс Строл!
Не е познато зошто Строл не бил во кино, кога не е тајна дека Канаѓанецот му помагал на Бред Пит во сцените со возењето. Од друга страна, Макс остана дома за да учествува на онлајн трки „iRacing“, повторно под псевдонимот Франц Херман. Верстапен го покажа и новиот розов волан што го користи откако стана татко.
Благодарам, но не благодарам, рекол Макс Верстапен
Кели Пајк се породи на почетокот на мај, а девојчето го доби името Лили. Обожавателите се шегуваат на социјалните мрежи дека Макс и Ленс ќе бидат казнети затоа што не се појавиле на проекцијата на филмот, кој ќе почне да се прикажува на редовниот репертоар кон крајот на јуни, а еден од продуцентите е Луис Хамилтон.
"The F1 Movie is as authentic a racing movie has ever been.”
—Lewis Hamilton, Producer#F1Movie — Only in theaters this Summer#F1 #F175LIVE pic.twitter.com/8grCRJn8Qz— Apple Original Films (@AppleFilms) February 18, 2025
„Тоа не е нешто што може да ме возбуди. Разговаравме за тоа, но на крајот не се случи. Но, и тоа е во ред. Тоа не е причината зошто сум во Формула 1. Се обидувам да ја одвојам работата од приватниот живот. Штом ќе го напуштам боксот, повеќе не размислувам за тоа. Зафатен сум со други работи, па можеби не сум толку интересен за медиумите. Се држам настрана од озборувања и други работи што би можеле да ми се случат, а кои не ме интересираат“, изјави Макс Верстапен, кој ја одби поканата да се појави во филмот „Ф1“.
Кога го прашаа за неговите впечатоци, Шарл Леклер одговори: „Беше навистина одлично. Искрено, влегов во ова кино и не знаев што да очекувам. Знаеме толку многу за овој спорт што се обидуваме да бидеме премногу аналитични за сè, а немав поим каква ќе биде приказната. Работата што ја направи филмската екипа за да добиеме различни агли, што всушност не го гледаме на тркачката патека, беше навистина одлична. Ми се допадна.“
Heading in to view #F1TheMovie! 🍿#F1 pic.twitter.com/iwbXTemhy0
— Formula 1 (@F1) May 21, 2025
Секако, за некои возачи беше подеднакво важно да се видат себеси на големиот екран…
Возачите на Формула 1 се најлошата можна публика
„Бев фантастичен во филмот и тоа беше најважното нешто“, се пошегува Ландо Норис од Мекларен, додавајќи: „Беше многу добар филм, убав заплет – не знам колку можам и не можам да ви кажам за што се работи. Беше кул приказна, мислам дека е инспиративна приказна за млади луѓе кои еден ден можат да се видат себеси во светот на Формула 1“.
Пјер Гасли рече дека „филмот ја претстави Формула 1 на многу реалистичен начин: „Мислам дека луѓето ќе уживаат во него колку и ние. Одлична продукција и ми беше малку смешно кога се појавив во филмот“, додаде возачот на Алпин.
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека тие веројатно биле најлошата можна толпа: „Анализиравме сè, секој детаљ, движење на патеката, одење во боксот… И, беше многу автентично. Начинот на кој ги испреплетуваат приказните со возачите и тимовите… тоа е одличен филм и дефинитивно мора да се види. Ова е одличен вовед за секој што не знае многу за Формула 1“, смета Хорнер.