Утрово руските сили извршија нов ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина.
Сирените што укажуваа на воздушна закана се огласиле околу 5 часот наутро, а неколку независни новинари на социјалните мрежи известуваа за експлозии над градот, кои најверојатно се резултат на украинската противвоздушна одбрана.
Large Russian missile attack targeted Ukraine's Kyiv, Kharkiv and several other Ukrainian cities earlier this morning. pic.twitter.com/Uf14ZiRu5S
— Clash Report (@clashreport) January 23, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во рускиот ракетен напад биле оштетени неколку станбени згради, а најмалку седум лица се ранети. Во Соломјанскиот кварт е уништен влезот на повеќекатница, а спасувачите трагаат по преживеани под урнатините. Шест лица се пренесени во болница, а на 13-годишно момче му била укажана лекарска помош на местото на настанот.
Во квартот Свијатошински паркирани автомобили се запалиле откако на улицата паднале остатоци од урнат проектил. Како што наведе Кличко, според прелиминарните информации, дел од остатоците погодиле и градинка.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) January 23, 2024
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа уривањето на руски проектил над Киев утрово.
Во погодените реони делумно е прекинато снабдувањето со струја и вода, а технички екипи работат на поправка.