По осумгодишно отсуство од овој престижен настан, Хали Бери се појави на Мет Гала и предизвика големо внимание со својот настап.
За оваа пригода, таа избра проѕирен, пругаст фустан со длабоко деколте, дизајниран специјално за неа од LaQuan Smith.
Фустанот беше направен од комбинација од проѕирен тил и црни, светкави пруги, а Бери го дополни со кратко сако, елегантна мрежеста шапка и впечатлива дијамантска огрлица од Cartier.
Она што предизвика најмногу реакции на социјалните мрежи беше фактот што Хали Бери изгледаше како да не носеше долна облека на Мет Гала.
Halle Berry at the #MetGala. https://t.co/MzcTJmcmWO pic.twitter.com/1G5dAgeIF2
— Variety (@Variety) May 6, 2025
Проѕирниот материјал на фустанот, со пруги кои стратешки покриваа одредени делови од телото, остави многу малку простор за имагинација, па многумина коментираа дека нејзиното меѓуножје е јасно видливо, односно дека речиси сè е откриено освен што црните пруги ги покриваа најинтимните делови.
Токму затоа нејзината облека беше меѓу најпровокативните на вечерта и предизвика мешани реакции, од ентузијазам до критики за нејзината дрскост и границите на добриот вкус.