📸 Обожавател на Тејлор Свифт ја продава потпетицата која ѝ се скрши на пејачката на концерт

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Тејлор Свифт неодамна одржа три концерти во Рио де Жанеиро.

На еден од тие настапи ѝ се скршила потпетицата, а таа ја фрлила во публиката. Нејзината потпетици ја фатил Фелипе Конрадо, кој имал ВИП влезници за сите три распродадени концерти на Свифт во Бразил.

Фелипе на социјалните мрежи објави фотографија од потпетицата и порача дека ја продава, а сите пари што ќе ги заработи ќе ги даде за лекување на својата братучетка Анџела Конрадо.

„Како што многумина објавија, собираме пари за да го платиме лекувањето на ракот на мојата братучедка“, напиша тој и меѓу другото додаде „Ти благодарам Тејлор за овој подарок“.

Како што навел во една од објавите, на неговата братучетка Анџела ѝ бил дијагностициран меланом откако ѝ била извадена бенка од десната рака. За да спречи метастази, ѝ требаат 12 сесии на имунотерапија со лек кој чини речиси 730 долари месечно.

Слични содржини