Министерството за одбрана на Русија потврди дека е оштетен еден од нејзините воени бродови по украинскиот напад на пристаништето на Крим, окупиран од Русија.
Големиот десантен брод „Новочеркаск“, кој е дел од руската Црноморска флота, бил погоден од украински воздушни напади, објави министерството во вторник за руската државна новинска агенција ТАСС.
На почетокот не беше јасен степенот на штетата на бродот во пристанишниот град Феодосија, но фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека штетата е голема.
The Russian ship is no more
There is no repairing this… pic.twitter.com/lwRbQG33ZH
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 26, 2023
Украинците: Го уништивме бродот со крстосувачки ракети
Според гувернерот на Крим назначен од Русија, во нападот загинало едно лице, а уште две се повредени.
Претходно украинските воздухопловни сили објавија дека го уништиле воениот брод со помош на крстосувачки ракети.
Според Москва, руската противвоздушна одбрана уништила два украински борбени авиона кои го нападнале „Новочеркаск“.
Двата соборени авиона Сухој Су-24 припаѓале на тактичките ескадрили на украинските воздухопловни сили и истрелале наведувани проектили, соопшти министерството во Москва.
Украина претходно известуваше за распоредување на тактички сили, но од Киев нема информации за можно уништување на борбени авиони.
Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, стана честа цел на украински напади.