📸 Последната фотографија од Метју Пери: 24 часа пред смртта бил на ручек со непозната жена

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Актерот Метју Пери почина на 54-годишна возраст, а веста за неговата смрт го потресе светот.

Тој наводно се удавил во своето џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес во саботата, 28 октомври.

Само 24 часа пред тоа Метју бил фотографиран во јавност, а сега TMZ ги објави фотографиите.

Имено, актерот е виден како руча со мистериозна бринета.

Според TMZ, кој ексклузивно го фотографирал, актерот делувал расположено, што се поклопува со изјавите на блиски луѓе кои навеле дека Пери психички бил добро.

Да потсетиме, Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена.

Слични содржини