📸 Реџеп Исмаил: ДУИ и ВЛЕН ја злоупотребуваат религијата за политички цели

од Љубиша Владимиров
17 прегледи

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на својот Фејсбук ја изрази својата загриженост за начинот на кој ДУИ и ВЛЕН го злоупотребуваат исламот за своите политички цели, наведувајќи дека тие само ја прикриваат поддршката за ционизмот. Според него, двете партии се „продолжена рака на ционизмот“ во Македонија.

Исмаил посочи дека Муса Џафери, претседател на Комисијата за надворешни работи, веќе пет месеци ја блокира Декларацијата за Палестина. Тој нагласи дека Гаши, како Спикер на Собранието, не ја искористува својата должност за да ја одблокира оваа важна декларација.

„Прават сè за да го придушат гласот кој ќе го разобличи геноцидот кој секојдневно се случува пред нашите очи, додека нашата Влада гласа против Палестина во Обединетите нации на секоја можноа инстанца, давајќи експлицитна поддршка на геноцидот во Газа“, напиша Исмаил.

Оваа изјава доаѓа во контекст на актуелните случувања во регионот и неодамнешните дебати за поддршка на Палестина, што дополнително го подигна нивото на политичка тензија во земјата.

Слични содржини