Во саботата во Беверли Хилс легендарниот Леонардо ди Каприо приреди вистинска забава за својот 49-ти роденден, а на листата на гости се најдоа имињата на познати ѕвезди како Лејди Гага и Ким Кардашијан.
Славеникот успеал да ги избегне папараците кои биле спремни да ги уловат познатите гости со своите камери, но извори запознаени со случувањата на забавата тврдат дека поголемиот дел од вечерта ја поминал со својата нова девојка Виторија Серета и дека не пропуштиле уште една прилика да ја покажат својата љубов.
Меѓутоа, покрај славеникот, големо внимание привлече и Ким Кардашијан, која на забавата пристигна облечена во црн фустан без ракави. Камерите ја фатија и колешката на Ди Каприо, Салма Хајек како пишува на мобилен телефон на задното седиште од автомобилот, исто така облечена во црно со атрактивна светкава шминка.
Лејди Гага, која одамна ја немаме видено на вакви собири, е снимена како пристигнува на забавата.
Покрај гореспоменатите дами, внимание привлече и Крис Рок, кој беше снимен како ја напушта роденденската забава во друштво на колешката Оливија Вајлд.
Olivia Wilde and Chris Rock were spotted exiting Leonardo DiCaprio's 49th birthday party together in Los Angeles. pic.twitter.com/bVjxH3yo03
— @21metgala (@21metgala) November 13, 2023
Имено, како што пренесува DailyMail, 39-годишната актерка и 58-годишниот комичар имале широки насмевки на лицата додека влегувале во истиот автомобил. Иако не е јасно дали се упатени кон истата дестинација, некои корисници на социјалните мрежи шпекулираат дека тоа укажува на нови романтични искри во Холивуд, иако комичарот е во брак од 1996 година.