Хрватската пејачка Северина ги почести своите обожаватели со уште едно модно издание достојно за најголемите светски ѕвезди, а носеше метален фустан кој го спои со необични сандали на штикла во иста боја.
Впечатливиот фустан се состоеше од горен дел кој личи на корсет со кој го нагласи деколтето, но и долен мрежест дел составен од парчиња метал.
Сепак, највпечатлив дел од нејзината облека беа „откачените“ штикли што со задоволство ги носи на настапи со години. Станува збор за креација на британската дизајнерка Софија Вебстер, односно за моделот „Јасмина Пом-Пом“.
Овие необични обувки се исто така во металик боја и се закопчуваат однапред, а на патентот имаат две крзнени топчиња.
Северина настапи во Примоштен, а фотографиите од облеката беа дополнително разубавени од зајдисонцето во позадина.
„Прекрасно место (Видиковецот на Богородица од Лорет), прекрасни луѓе, прекрасен концерт, прекрасна вечер“, порача пејачката со фотографиите.
Пејачката неодамна престојуваше и во Босна и Херцеговина за да го најави концертот во Травник.
Во „везирскиот“ град ќе настапи со голема музичка придружба на 9 август, а при дружењето новинарите на прес-конференцијата по повод концертот, популарната пејачка откри дека не била во Травник 25 години.
„Морам сериозно да разговарам со мојот менаџер, зошто не сум пеела овде 25 години. Навистина не разбирам зошто“, рече Северина.
View this post on Instagram