📸 Ванковска за посетата на Џ. Д. Венс на Гренланд: „Да беше кај нас, ќе се потепаа кој да го пречека

од Марта Пешевска
78 прегледи

Професорката Билјана Ванковска коментираше на својата платформа за одбивањето на жителите на Гренланд да го дочекаат американскиот потпретседател ДЈ Венс. Неговата посета, според неа, завршила катастрофално, откако ниту еден од жителите не се појавил на аеродромот за да го пречека, а уште помалку некој бил подготвен да ги угости во своите домови.

„Неполни 60.000 луѓе, сите сложни и достоинствени, ги отфрлија поканите на Венс и неговата сопруга. Ова е знак на храброст пред заканите од големиот сосед, кој дури има и воена база на островот“, рече Ванковска.

Во продолжение, професорката размисли за тоа како би изгледала слична ситуација во Македонија.

„Да беше кај нас, веројатно ќе се потепаа кој прв ќе го дочека, кој ќе го угости и кој ќе се слика со него. Оваа разлика во однесувањето покажува не само национален идентитет, туку и принципи за достојство и интегритет во односите со странските функционери“, додаде таа.

Ванковска меѓу другото  ги предизвикува читателите да се запрашаат: Како ние реагираме на странски политичари и каква порака испраќаме за нашата независност и достоинство?

Слични содржини