769
Утрово почна враќањето на оградата околу Владата. На Илинденска бр.2 се забележани работници кои ја враќаат железната ограда околу зградата.
На втората владина седница одржана од новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за враќање на железната ограда која претходната власт ја отстрани.
Подоцна истиот ден оградата беше лоцирана и како што изјави новоназначениот директор на СОЗР таа била најдена во незаводна состојба.
Оградата околу зградата на Владата висока 2,5 метри беше поставена во 2015 година, кога зградата доби нова барокна фасада. Чинеше околу 700 илјади евра.
Фото: Локално