📸Вучевиќ во Скопје пречекан со највисоки државни почести

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска пристигна во Скопје, каде што се сретна со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Тоа е негова прва официјална посета на Северна Македонија.

По средбата на двајцата официјални претставници, планирано е потпишување на меморандум за соработка меѓу Министерството за енергетика и рударство на Северна Македонија и Србија.

– Мојата еднодневна работна посета на Република Северна Македонија ја започнав со средба со мојот домаќин, премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за дополнително унапредување на билатералните односи меѓу нашите две земји и натамошно поврзување на српскиот и македонскиот народ, не само на политички, туку и на културен, економски и инфраструктурен план – напиша Вучевиќ на својот Инстаграм профил.

Фото: Влада на Република Србија

Слични содржини