📹📸Роби Вилијамс има нови заби: „Ги уништив старите. Отворав шишиња со нив, па кокаин, кафе…’

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Пејачот Роби Вилијамс (50) на социјалните мрежи се пофали со важна лична промена. Тој има нови заби! Привремени засега, а како што појасни, навреме ќе постават и трајни. Во соопштението објасни и зошто се одлучил на тоа.

– Можеби на некои од вас им се допаѓаа моите стари заби. Па, тие беа заебани! Добро ми служеа, но јас ги малтретирав. Отворав шишиња со заби, кафето ги извалка, ги мачкав со кокаин, не ги миев како што треба – објасни пејачот.

– Поминавме низ многу, но време е да продолжиме понатаму. Збогум мои жолти пријатели – напиша Вилијамс.

Коментарите беа исполнети со комплименти за неговата нова насмевка.

Подоцна го снимила и неговата сопруга Ајда Филдс. Пејачот се уште бил под локална анестезија, па му било тешко да зборува.

– Можеш ли да ни ги покажеш забите? Насмевни се – му вели на видеото, а пејачот потоа се насмевнува, но со затворена уста.

– Отвори ја устата! – му вели таа, а тој и одговара: „Не можам, лицето ми е вкочането“ и со прстите ја крева горната усна.

Во документарецот на „Нетфликс“ објавен минатата година, Вилијамс откри дека алкохолот и дрогата биле неговите големи пороци во минатото и дека пиел шише вотка секоја вечер пред пробите со бендот Take That.

– Ставав се што наоѓав во мене, екстази, кокаин, алкохол – рекол тој.

Слични содржини