На „Олд Трафорд“ се одржа добротворен натпревар за „Сокер Еид“, во кој учествуваа поранешни фудбалери, фудбалерки и ѕвезди од естрадата, а еден старт на познатиот Леонардо Бонучи на натпреварот беше дочекан со јавно негодување низ целиот свет.
„Сокер Еид“ се одржува секоја година од 2006 година, а го основа англискиот музичар Роби Вилијамс.
Традиционално, Англија игра против „Остатокот од светот“, а оваа година беа собрани 18 милиони евра за УНИЦЕФ.
Сепак, потегот што го направи Бонучи за време на натпреварот беше навистина непотребен.
Поранешната англиска репрезентативка Стефани Хотон, која играше во „Сокер Еид“ за прв пат во животот, одеше кон голот на тимот „Остатокот од светот“ и немаше поим што ќе ѝ направи Бонучи.
Bonucci Not about the Woke life 🤣🤣🤣#SoccerAid pic.twitter.com/CuQVwmL5RM
— Amit (@amit_mavar) June 15, 2025
Бонучи влезе многу нагло во нејзините нозе, а Хотон падна на тревата и се повреди, а ѝ беше укажана и медицинска помош.
Судијата не досуди фаул бидејќи Италијанецот прв стигна до топката, но неговиот ненадеен старт беше навистина непотребен и беше дочекан со бројни осуди од луѓе од целиот свет на социјалните мрежи.
Патем, за Англија на натпреварот играа, меѓу другите, Вејн Руни, Гари Невил, Џек Вилшир и Мајкл Карик, додека во редовите на остатокот од светот, гледачите можеа да ги видат, покрај Бонучи, Немања Видиќ, Ривалдо, Давид Трезеге, Едвин ван дер Сар и Хари Кјуел.