📹Дончиќ доби колено во глава, чудо е што не беше нокаутиран

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Бостон Селтикс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 111:101 во дербито на вечерта во НБА лигата.

Се играше изедначено до полувремето, а екипите заминаа на пауза со резултат 58:54.

Во третата четвртина Лејкерси целосно пропаднаа, Селтикси стигнаа до максимални +22 кои ја обезбедија победата. Лејкерси до крајот успеаја само да го ублажат поразот.

Победничкиот тим го предводеше Џејсон Тејтум со 40 поени, 12 скока и осум асистенции. Џејлен Браун додаде 31 со шест скока и две асистенции.

За поразениот тим Лука Дончиќ постигна 34 поени со осум скока и три асистенции, додека Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 22 поени, 14 скока и девет асистенции.

Натпреварот го одбележа и забивањето на Ал Хорфорд во првата четвртина, кој додека се вртеше по раб, со колено во глава го удри Дончиќ. Судејќи по снимката, чудо е што Словенецот не беше нокаутиран од силината на ударот.

Погледнете го видеото:

Слични содржини