Меган Маркл, војвотката од Сасекс, го одбележа Денот на татковците оваа година на посебен начин. На својот Инстаграм профил, таа сподели преслатки домашни видеа од својот сопруг принцот Хари и нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, со емотивна порака: „Најдобрите. Среќен Ден на татковците на нашиот најдраг човек“.
Трогателни моменти
Видео монтажата, придружена со песната „Have It All“ од Џејсон Мраз, ги прикажува топлите моменти на Хари со неговите деца низ годините. Во видеата, Хари може да се види како танцува со малиот Арчи во кујната, се смее додека раскажува приказни и ужива играјќи си со своите деца.
Еден од најслатките моменти го прикажува Хари како е обсипан со бакнежи од Арчи (6) и Лилибет (4) на лулашка во дворот на нивниот луксузен дом од 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.
Меган, исто така, сподели трогателен клип во кој Хари го учи Арчи да вози велосипед, внимателно трчајќи покрај него додека момчето вози само по патеката.
Во позадина, може да се слушне како Меган ги бодри своите деца, додека Лилибет среќно трча по својот брат.
За потсетување, Хари и Меган се венчаа во 2018 година, а го добија својот син Арчи во мај 2019 година, додека нивната ќерка Лилибет се роди во јуни 2021 година.
Реакции на социјалните мрежи
Меган и Хари неодамна повторно се најдоа во центарот на вниманието откако Меган објави видео од нивниот „Baby Momma Dance“ од породилната сала на роденденот на Лилибет. Иако видеото доби многу позитивни реакции, исто така беше дочекано со критики на социјалните медиуми. Пријателот на Меган, Кристофер Бузи, јавно ги осуди „суровите и одвратни“ коментари, велејќи: „Замислете како е кога некои од најсреќните и најранливите моменти во вашиот живот стануваат оружје на омраза“.