Младиот фудбалер на Челси, Тајрик Џорџ, предизвика внимание за време на церемонијата на доделување медали на Светското клупско првенство откако, според видеото, избегнал да се ракува со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Видеото кое брзо се прошири на интернет покажува како Џорџ, минувајќи покрај Трамп за време на церемонијата, не ја подал раката ниту стапил во контакт, за разлика од другите соиграчи кои застанале и го поздравиле претседателот на САД.
На Трамп очигледно не му било убаво, па го погледнал Џорџ двапати, но сè поминало без понатамошни контроверзии.
Trump’s face when Tyrique George snubbed him of a handshake 🤣 pic.twitter.com/mnzpLXXFKQ
— Wu Tang is for the Children (@WUTangKids) July 13, 2025
Сепак, многумина веруваат дека ситуацијата настанала случајно поради брзината на церемонијата и несмасната позиција на Трамп, кој во еден момент се свртел кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Иако не беше потврдено дека станува збор за политички мотивиран гест, сцената предизвика голем јавен интерес, особено во контекст на претходните контроверзии на Трамп и поделените мислења за неговиот ангажман во јавниот живот.