📽️Вучиќ ги посети пациентите од Македонија пред нивните семејства со десетина камери и новинари, дел од граѓаните револтирани

од Nikola Popovski
2,2K прегледи

Од земјава во Србија беа пренесени 14 повредени, а со воен авион синоќа пристигнаа уште дванаесет пациенти по пожарот во кочанската дискотека. Тие биле примени во Универзитетскиот клинички центар во Белград при што биле посетени од српскиот претседател Александар Вучиќ и група новинари, пред нивните семејства, како што пренесуваат дел од српските медиуми. Некои од пациентите се на интензивна нега и нивните животи се во опасност. Откако беа објавени фотографии од Вучиќ со повредените македонски граѓани, не престануваат реакциите на социјалните мрежи.

Дел од граѓаните го поздравуваат потегот на Србија и згрижувањето на повредените Македонци, но, дел упатуваат и критики кон Вучиќ, поради, како што велат, неговата ПР кампања.

„Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено не над овие со тешки изгореници“, „Купување политички поени и во вакви тешки моменти, жално“, „Ова е пример како не треба, со пациенти со отворени рани“, „Е ова е “Му купив џигер на сиромајо…“, се само дел од коментарите на македонските граѓани на социјалните мрежи.

И српските граѓани реагираа на ваквиот потег на нивниот претседател, пред се поради присуството на голем број лица во болничките соби каде се сместени пациенти со тешки изгореници.

„Сите пациенти со тешки изгореници се сериозно имунокомпромитирани. Да оставаат толку луѓе околу нив е криминал! Дали Македонците знаат каде ги испратиле своите граѓани?“, прашуваат дел од српските граѓани.

Како што објавија дел од тамошните медиуми блиски до власта, зборовите на еден од македонските пациенти особено го трогнале српскиот претседател.

– Сè ќе биде добро, само држете се. Лекарите ми рекоа дека 16 отсто од телото ви е изгорено, но нема животна опасност. Сето тоа ќе се реши, само останете силни и не грижете се, рекол Вучиќ, на што добил одговор:

– Се држам, тоа е што е. Штом тоа го преживеавме, нема веќе страв, му рекол македонскиот граѓанин на шефот на српската држава.

@jasamaleksandar

Brz i uspešan oporavak želim našoj braći iz Severne Makedonije. #jasamaleksandar

♬ original sound – Ja sam Aleksandar

Вучиќ додал дека во српските здравствени установи ќе се лекуваат 29 повредени од Македонија и се пофалил дека имаат “најдобри услови во Европа”.

Слични содржини