📽️ Гори пристаништето во Хамбург, затворен е и автопатот и неколку други патишта

од desk2
107 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео на „Bild“

Густ црн столб чад се издига над северниот пристанишен германски град Хамбург, откако изби пожар во еден склад во пристаништето што почна бргу да се шири.

На терен интервенираат голем број пожарникарски екипи и возила, а поради опасноста, затворен е автопатот и неколку други патишта, како и неколку населби.

Има две верзии за избувнувањето на пожарот – едната е дека се запалил автомобил, а втората дека експлодирале неколку плински боци. Потоа од првото складиште, пожарот почнал да се шири на соседното.

Има повредени, но точна бројка треба да се утврдува.

Поради парчиња што летале во воздух, затворени се патиштата, а од остатоците биле оштетени некои возила, меѓу кои има и пожарникарски.

Хамбуршкото пристаниште е најголемото во Германија.