📽️Кавга во Скопската зоолошка: Деца качени на ограда, родител му вика негувателот „Што има врска, да не се внатре?“

Родител му вика на негувателот „Понашај се малку покултурно“ додека децата му висат на ограда

од Nikola Popovski
204 прегледи

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како поголем број деца се имаат качено на оградата на едно од живеалиштата, и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено.

На снимката се гледа како Иванов им приоѓа на децата и ги предупредува да се симнат од оградата. Во тој момент реагираат и дел од родителите кои наместо да помогнат, му возвраќаат со забелешки.

„Господо! Господо, доле! Доле господо“, им вели Иванов, по што еден родител возврати: „Полека бе, полека. Што има врска, да не се внатре“.

Дијалогот продолжува со инсистирање на Иванов дека мора да се симнат од оградата, на што родителот реплицира: „Понашај се малку покултурно“.

„Јас култура, а вие сте на ограда? – му враќа негувателот, а родителот пак возвраќа: „Ако, мое право“.

Во натписот на објавата Иванов напиша: „Ризик јак, недела со гостите“.