📽️Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода“

од Vladimir Zorba
131 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/CGTN

„Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода“, соопшти денеска на прес конференција Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

„Народот е вознемирен. И со право. Криминална власт заробена во корупција која секој ден ги лаже граѓаните се договара зад грбот на народот за штетни договори. Ова сериозна национална и државна тема, врзана пред се со безбедноста, стабилност и иднина на државата“, вели таа.

youtube.com/watch?v=a4SUT65KdjU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fsdsm.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE