На социјалните мрежи се појави уште едно видео од трагичната ноќ во Кочани. На видеото се гледаат хаотични сцени во моментот кога избувнал пожарот, кога настанала паника и стампедо меѓу посетителите. На снимката објавена на Инстаграм се гледа како луѓето со страв ја напуштаат дискотеката, обидувајќи се да се спасат.
Стотици преплашени гости трчаат по скалите, врескаат и се обидуваат да стигнат до излезот, додека од зградата со големина од околу 300 метри квадратни се шири густ чад. Единствената врата и единствениот излез од клубот бил исполнет со исплашените посетители кои бегале.
Подоцна било утврдено дека задната врата била заклучена со катанец односно од претходно не била употреблива, додека на прозорците имало решетки, што ја отежнало евакуацијата.
Во пожарот што избувна во „Пулс“ во неделата изутрина загинаа 59 лица, а десетици се во критична состојба. Дел од повредените се испратени на лекување во странство.
View this post on Instagram
Според официјалните податоци, во дискотеката имало 500 гости, а биле продадени 250 карти.