Претседателот на Сан Лоренцо, Марсело Морети, клубот за кој навиваше папата Франциск, се најде во центарот на сериозен корупциски скандал.
Морети, кој ја презеде функцијата претседател на клубот на крајот на 2023 година, е снимен како прима поткуп, а снимката, според аргентинските медиуми, е недвосмислено компромитирачка.
Според информациите од Аргентина, Морети земал 25.000 долари за да потпише договор со млад фудбалер. На видеото јасно се гледа како мајката на играчот му подава куп банкноти со зборовите: „Ќе ти дадам 25.000, но ќе потпишеш договор со него“.
🥹🇦🇷 Marcelo Moretti LE DONÓ 25.000$ a una pobre señora necesitada
👏🏽 Gran gesto del presidente de San Lorenzo pic.twitter.com/atvNQTfAfY
— ENBAJA (@enbajafutbol) April 22, 2025
Потоа продолжува разговорот за напредокот на младиот фудбалер на тренинзите. Морети ги става парите во внатрешниот џеб од јакната, што дополнително ја потврдува сериозноста на обвинувањата.
Пред една година Морети ја предводеше делегацијата од Сан Лоренцо во Ватикан, каде што му беше предложено на папата Франциск идниот стадион да го носи неговото име.