МВР сооопшти дека вчера полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР заедно со САЕ Тигар спровеле оперативно-тактичка мерка „заседа“, долж автопатот “Пријателство” во близина на Градско.
-Акција е спроведена со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема количина.Лишени од слобода се две лица и се спроведени во Полициска станица Велес, соопшти МВР.
Полицајците на наплатна рампа Стоби, како што соопшти МВР, забележале сомнително движење на патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки.
-Возачот на даден знак да застане за да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале и пристапиле кон негово легитимирање и извршиле преглед на наведеното возило.Од извршениот преглед на патничкото возило “сеат алтеа” управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати, соопшти МВР.
Од МВР велат дека денес Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство Велес, ќе поднесе кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М(55) од Кавадарци, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
-Пронајдената растителна материја врз основа на издадена Наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес, ќе биде предадена во Одделот за Форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија, соопшти МВР.