📽️СТРАШЕН СУДАР НА ВОЗОВИ ВО ЧЕШКА: Најмалку 4 загинати и 23 повредени

од Nikola Popovski
262 прегледи

Четири лица загинале, а најмалку 23 се повредени во судир на брз патнички и товарен воз во близина на чешкиот град Пардубице, соопштија тамошните власти.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан соопштил дека несреќата се случила во средата доцна навечер, околу 23 часот по локално време, на 100 километри од Прага.

Тој истакнал и дека три лица претрпеле сериозни повреди, но дека нивните животи не се во опасност.

Возот сообраќал од Прага до Кошице во Словачка. Во моментот на несреќата во двата воза имало околу 300 луѓе, а полицијата, пожарникарите и итната помош брзо пристигнале на местото на настанот.

Повредените со хеликоптер се пренесени во најблиската болница.

-Машиновозачите на двата воза преживеале, јави чешката агенција „ЦТК“.

Државната чешка телевизија објави дека товарниот воз превезувал калциум карбид, но дека не дошло до истекување, бидејќи првите два вагона биле празни.

Коридорот во Пардубице, каде што се судриле возовите, е од витално значење за чешките железници. Чешкиот премиер Петр Фијала изјави дека тоа е голема трагедија и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Слични содржини