Во турскиот регион Балшекир, во западниот дел на земјата, утрово почнува проценката на штетите, по силниот земјотрес вчеравечер.
Земјотресот со епицентар во Балшекир имал магнитуда од 6,1, според Рихтеровата скала. Се урнале целосно или делумно 16 згради. Загинал еден човек, а 29 се повредени. Ниту еден од нив не е во животна опасност.
Земјотресот, кој се случи во 19:53 часот по македонско време (16:53 часот по Гриничко време), беше почувствуван во многу градови во западна Турција, вклучувајќи ги најголемите – Истанбул и Измир.