📽 Авион полн со патници се излизгал по мраз и кал при слетување

од Stefanija Kuzmanovska

Вознемирувачко видео го прикажува масивниот „Ербас А320“ како се лизга на пистата по слетувањето на аеродромот во Вилнус во саботата, по два часа патување од италијанскиот град Бергамо.

Авионот очајнички се обидувал да се стабилизира бидејќи настанала помала експлозија поради кал и вода.

Реагирајќи бргу, пилотот херој на авионот успеал безбедно да го извлече леталото надвор од пистата и во безбедна зона, каде што сите патници и шестмина члена на екипажот можеле да се симнат. Никој од нив не пријавил некакви повреди, пишува „Дејли мејл“.

Долните делови на авионот биле оштетени, јавуваат италијанските медиуми, а инцидентот го принудил аеродромот да ги запре сите влезни и појдовни летови во саботата на два и пол часа пред повторно да се отвори за воздушниот сообраќај.

Слични содржини