Најмалку 15 луѓе, меѓу кои и 4 новинари кои работеле на меѓународни теми загинале денеска при напад на израелската армија во јужниот дел на Појасот Газа.
Агенцијата Ројтерс соопшти дека меѓу загинатите е нивниот снимател Хусам ал Марси. Агенцијата Асошиејтед Прес потврди дека загинала нивната надворешна соработничка Марјам Дага. Од агенцијата велат дека се „шокирани и растажени“ од смртта на 33-годишната новинарка.
Меѓу загинатите е и вработениот во катарската телевизија „Ал Џазира“, Мухамад Саламе, како и фотографот Муат Абу Таха. Изгледа дека Таха бил фриленсер и не работел за никој од погоренаведените медиуми.
Според Службата за граѓанска заштита на Газа, раководена од Хамас, загинале најмалку 15 луѓе, вклучително и еден припадник на Хамас.
Некои луѓе загинале при првиот напад, а некои про вториот – кој се случил кога спасувачките екипи пристигнале на местото за да интервенираат.
🚨BREAKING :A video documents a horrific Israeli crime: targeting ambulance and civil defense crews as they were rescuing victims and the wounded after Israel bombed Nasser Medical Complex in Khan Younis among them was journalist Hossam al-Masri. pic.twitter.com/hKlZGBIpoa
— Gaza Notifications (@gazanotice) August 25, 2025
Израелската армија потврди дека денеска извршила удар во реонот на болницата „Насер“ во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.
Во соопштение од Израелските одбранбени сили (ЦАХАЛ) се изразува жалење, но се потенцира дека се преземаат мерки за заштита на невини луѓе, но истовремено се гарантира безбедноста на „нашите војници“.
„ЦАХАЛ изразува жалење за секоја штета причинета на невини луѓе, и не ги гледа новинарите како цел. ЦАХАЛ превзема мерки за минимизирање на штетите кај невини луѓе, доколку е тоа можно, додека истовремено ја гарантира безбедноста на своите војници“
Нападот се случи две седмици откако 6 новинари, вклучително 4 од „Ал Џазира“ загинаа во намерен напад од Израел во близината на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа.