6
МВР и РСБСП почнаа кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети.
Со едукативно видео укажуваат на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, а во видеото има и лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.
„🎯 Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот.
#БезбедноНаТротинет #ЕлектричниТротинети
#МВР #РСБСП #СообраќајнаБезбедност #Здравје #ОдговорноВозење“, велат организаторите на кампањата.