📽 Никола Стојановски од Сојуз на борци: „Пендаровски заслужува да продолжи да ја врши функцијата претседател“

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борци од Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) 1941-1945, Никола Стојановски преку видео обраќање денеска ја изрази својата поддршка за актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски за втор мандат.

Во излагањето, тој потенцира дека Пендаровски е „извонреден човек кој ѝ е потребен на државата“.

„Тој претставува извонреден човек и потребен ѝ е на државата. Работи, ги врши сите работи што треба да ги води како раководител и дел од раководството на државата“, вели Стојановски.

На прашањето дали Пендаровски ги обединува граѓаните, Стојановски наведе дека тој успева во тоа и затоа заслужува да продолжи да ја врши функцијата претседател на државата.

Д-р Никола Стојановски е учесник во НОБ и првиот претседавач на македонското собрание.

Слични содржини