📽 Потопен град во Русија, цунамито стигна до Калифорнија – силниот земјотрес уште предизвикува паника и ужас

Според националната метеоролошка служба на САД, во северна Калифорнија забележан е бран од 30 сантиметри, а наскоро се очекуваат и нови бранови.

од desk2
67 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео

На бреговите на Калифорнија се појавија првите бранови од цунамито предизвикано од силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка. Првите бранови се забележани во Кресент Сити, во северна Калифорнија, на границата со сојузната држава Орегон. Претходно во Русија, градот Северо-Курилск беше речиси потопен од силното цунами, што на некои места на рускиот пацифички брег достигнувало до 4 метри.

📽Водата „проголтува“ сè пред себе – Страшно цунами ја зафати Русија

Според националната метеоролошка служба на САД, во северна Калифорнија забележан е бран од 30 сантиметри, а наскоро се очекуваат и нови бранови.

Претходно цунамито допре до Хаваи, кои се илјадници километри од Кресент Сити. На архипелагот во срцето на Тихиот Океан беа забележани бранови од 1,74 метри – во Кахулуија на островот Мауи.

Според гувернерот на Хаваи, во оваа американска сојузна држава, засега нема преголеми последици од цунамито.
Во меѓувреме, Кина веќе ги повлече тревогите за цунами во градовите Шангај и Жеиџанг. Предупредувањето за цунами на Тајван уште е на сила.

Во пристаништето Куџи на североистокот на Јапонија е забележан цунами-бран од 1,3 метри.

Со магнитуда од 8,8 степени, земјотресот што се се случи во 11.25 часот по локално време на Камчатка, е еден од најсилните воопшто на Земјината топка.

По првиот силен земјотрес имало уште десетина последователни, но со многу помала магнутуда. Првиот удар се случил за време на една операција, но за среќа хирурзите и остатокот од медицинскиот тим ја зачувале присебноста.

 

Инаку, првото цунами удрило во Северо-Курилск, кој е крајбрежен град.

„Жителите на населеното место се наоѓаат на безбедни возвишенија и ќе останат таму сè додека целосно не биде укината заканата од нови бранови“, се вели во објавата на гувернерот Валериј Лимаренко.

Според податоците на Министерството за вонредни состојби на Русија, поради невремето биле поплавени самиот град и фабриката за преработка на риба „Алаид“.

Според американскиот сеизмолошки институт, земјотресот имал хипоцентар на 19,3 километри длабочина, а епицентарот бил на околу 125 километри од Петропавловск, град со 165.000 жители кој се наоѓа во заливот Авача.

Инаку, крајниот североисток на Русија е подрачје со силна сеизмичка активност, каде само во последниве две децении имаше неколку ерупции на вулкани и голем број земјотреси. Денешниот, сепак, е најверојатно најсилниот од кога се вршат официјални мерења и се води хронологија.

📽 Цунамито од земјотресот во Русија стигна до Хаваи