📽 Русија ја обвини Украина за напад на гасен терминал: „Го покажуваат своето ѕверско лице“

од Stefanija Kuzmanovska

Во понеделникот Кремљ ја обвини Украина за напад на гасниот терминал во пристаништето Уст-Луги, недалеку од Санкт Петербург, на рускиот брег на Балтичкото Море, на околу 900 километри од украинската граница.

„Режимот на Киев продолжува да го покажува своето ѕверско лице гаѓајќи ја цивилната инфраструктура“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање за големиот пожар кој во неделата избувна во терминалот за гас со кој управува „Новатек“.

„Новатек“ соопшти дека пожарот го предизвикал „надворешен фактор“, без да навлегува во детали.

„Руското министерство за одбрана, системите за противвоздушна одбрана… прават се што е потребно за да спречат вакви терористички напади“, рече Песков.

Тој исто така ја обвини Украина за гранатирање на Доњецк, град во источна Украина под руска контрола, во кој во неделата загинаа 27 луѓе.

Според локалните власти, погоден бил пазар полн со луѓе.

Слични содржини