📽 Save the Children: Повеќе деца загинаа во Газа отколку во глобалните конфликти во последните 4 години

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Бројот на деца убиени во Газа за време на израелската воена кампања во изминатите три недели го надмина годишниот број на деца убиени во вооружени конфликти на глобално ниво во секоја од последните четири години, соопшти организацијата Save the Children.

Здравствените власти во енклавата под контрола на Хамас известија дека од 7 октомври досега во Газа се убиени повеќе од 3.000 деца, пишува Си-Ен-Ен.

„Бројките се застрашувачки и бидејќи насилството во Газа моментално не само што продолжува, туку и се шири, многу повеќе деца остануваат во сериозен ризик“, рече Џејсон Ли, директор на Save the Children на окупираната палестинска територија.

Вкупно 2.985 деца биле убиени во 24 земји во 2022 година, што е повеќе од 2.515 претходната година и 2.674 во 2020 година, според годишниот извештај на генералниот секретар на Обединетите нации за децата и вооружените конфликти, цитиран од Save the Children.

Во 2019 година, ОН објавија дека 4.019 деца биле убиени во конфликти ширум светот.

Слични содржини