📽 Шокантна снимка: Судијка испратила криминалец во затвор, по што тој ја нападнал

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Судијката Мери Кеј Холтус била нападната за време на изрекувањето на пресудата на Деобри Реден во Лас Вегас – а бизарниот инцидент беше снимен на видео кое стана вирално на социјалните мрежи.

Имено, во моментот кога судијката ја изрекла казната, Реден прво пцуел, а потоа ја прескокнал клупата и ја нападна Холтус.

Реден требало да биде осуден за обид за тешка телесна повреда. Пред нападот, обвинителите рекоа дека Реден имал историја на насилни злосторства и побараа затворска казна. Претходните обвиненија вклучуваат инвазија во дом, семејно насилство и напад врз заштитено лице.

Зборувајќи за себе, Реден рече дека се чувствува дека е „на подобро место“, има подобар систем за поддршка и има нова работа:

„Чувствувам дека не треба да ме испратите во затвор, но ако тоа е соодветно за Вас, тогаш мора да го направите она што морате“.

Адвокатот на Реден, исто така, се залагал за условна казна, наведувајќи ги претходните завршувања на условната казна, неговата историја на ментално здравје и неговото потекло.

„Го ценам тоа, но мислам дека е време да вкуси нешто друго“, одговори судијата Холтус. „Затоа што едноставно не можам да го пуштам на слобода со таа историја“.

Тогаш Реден ја опцул Холтус, ја прескокнал клупата и скокнал на судијката и ја нападнал. Неколку луѓе на крајот започнале да го удираат Реден за да го натераат да престане, иако најголемиот дел од инцидентот се случува надвор од кадарот.

Против Реден во среда ќе бидат поднесени нови обвиненија за напад, а се чини дека судијата Холтус се здобила со повреди и моментално е под лекарски надзор. Во инцидентот е повреден и полицаец кој бил пренесен во болница.

Слични содржини