Во судирите меѓу полицијата и учесниците на забранетите пропалестински протести во Берлин во ноќта во средата кон четвртокот, приведени се 174 лица, додека 64 полицајци се полесно повредени, а еден е тешко повреден, соопшти полицијата во Берлин. Во средата вечерта се одржа собир во берлинскиот кварт Нукоелн, каде што живеат голем број луѓе од арапско потекло и покрај забраните за пропалестински протести.
По тој повод демонстрантите со пиротехнички средства ги нападнаа полицајците и фрлаа со камења и шишиња. Демонстрантите фрлале предмети од прозорците на улица и запалиле контејнери за ѓубре и автомобили, снимајќи се со своите мобилни телефони. Нападнати биле и неколку новинари, кои демонстрантите ги обвиниле дека работат за „лажливите медиуми“. Ситуацијата се смирила дури по полноќ.
Pro-Hamas protesters attack police in Berlin. Clashes and destroyed cars.pic.twitter.com/7LacfTPoEn
— RadioGenoa (@RadioGenoa) October 18, 2023
Полицискиот синдикат на БДП остро ги осуди немирите на улиците на Берлин и ги нарече „верска војна“.
„Тука се слават терористичките напади на Хамас и Хезболах. Тој што бара заштита во Германија, нашето гостопримство и демократски соживот не смее да се спротивстави на нашите закони“, се вели во соопштението на БДП.
Berlin under attack. https://t.co/Go6t7pBlCh pic.twitter.com/5pe4owWnXS
— RadioGenoa (@RadioGenoa) October 18, 2023
Откако палестинската милитантна група Хамас започна напади врз Израел, имаше бројни пропалестински протести во Берлин и други германски градови, при што некои учесници ги бодреа Хамас или извикуваа антисемитски слогани.
Германските власти во голема мера ги забранија собирите или демонстрациите со кои се изразува поддршка за палестинската кауза или се критикува Израел, и тргнаа кон сузбивање на нелегалните собири. Повеќето од арапските жители на Нојкоелн дошле во Германија или за време на граѓанските војни во Либан на крајот на 1970-тите или како дел од мигрантскиот бран во 2015/2016 година.
This is Berlin…
Why can’t it just stop? pic.twitter.com/ihzB4G8L8c
— Elon Musk (Parody) (@ElonMuskAOC) October 19, 2023