Дронови со долг дострел извршија напад врз терминалната станица за гас на „Новатек“ во Уст‑Луга, предизвикувајќи голем пожар откако остатоци од соборени беспилотни летала паднаа врз објектите, јавија светските агенции. На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа голем облак од чад, но засега нема извештаи за повредени.
Нападот се случил на 24 август, на денот на независноста на Украина, кога истовремено беше извршен удар и врз нуклеарната централа во Курск, што ја намали продукцијата од еден реактор за 50 %.
Објектот Уст-Луга, во сопственост на „Газпром“, а управуван од енергетската компанија „Новатек“, е еден од најголемите погони за преработка на природен гас во Европа и клучен извозен центар за руски гас што се транспортира преку цевководи од Арктикот и од Западен Сибир.
Гувернерот на Северна Русија, Александар Дрозденко, на Телеграм извести дека пожарот бил изгаснат со специјален воз за гаснење, додека воздушниот сообраќај веќе е нормализиран со враќање на летовите на аеродромот во Санкт Петербург.
Во други напади вчера, украинските дронови погодиле и други енергетски објекти, со што за приближно 17 % е нарушен капацитетот на руските преработки и извоз на гориво, од Волгоград до Уст‑Луга, со видливи ефекти во снабдувањето со бензин, особено во Крим, јужна Русија и на Далечниот Исток, велат украински извори.
/2. Strike on Ust-Luga without watermarks. pic.twitter.com/3ljDMvdFRf
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) August 24, 2025