Албанија постигна успех и се избори за пласман на Европското првенство, по вторпат во својата историја.
Сепак, за време на прославата на успехот, се случил скандал. Албанските навивачи го запалиле знамето на Србија и со тоа го привлекоа вниманието на светската јавност.
Tifozët djegin flamurin serb në Sheshin Skënderbej pic.twitter.com/fAZB69b2je
— JOQ Albania (@JoqAlbania) November 20, 2023
На видеото се гледа поголема група на луѓе, од кои некои се маскирани, со навивачки симболи.
Ја испратија и пораката „Ве чекаме“ и ѝ се заканија на Србија, посакувајќи репрезентациите да се сретнат во групната фаза на првенството бидејќи Албанија е во вториот шешир на ждрепката, додека Србија е во четвртиот и средба меѓу двете селекции во Германија може да се случи.