📽 Во Австралија беснеат шумски пожари, евакуирани повеќе од 2.000 лица

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Австралиските власти наредија евакуација на повеќе од 2.000 лица од градовите во западна Викторија бидејќи шумските пожари беснеат надвор од контрола.

Службите за итни случаи Викторија ги повикаа жителите во градовите Раглан и Бофор, како и околните области, да се евакуираат додека сè уште е безбедно да се оди на исток до градот Баларат, кој е на околу 95 километри западно од Мелбурн.

Пожарот зафатил површина од околу 50 квадратни километри северозападно од Баларат, а друг пожар гори западно од таа област.

„Очекуваме пожарот брзо да се прошири во следните еден или два часа. Жителите сега мора да го спроведат својот план за преживување од шумски пожари“, изјавил шефот на противпожарната служба Џејсон Хеферман за ABC News.

Слични содржини