Нуркачот Ден Вајт снимил хорор напад на ајкула, за кој вели дека секогаш му е во мислите, иако на почетокот мислел дека снимил „кул средба“ меѓу нуркач и морскиот ѕвер на камера. Нуркачот раскажал ужасен напад на ајкула кој го прогонувал со години.
Ајкула во Египет кружела во близина на група за нуркање. Смирувајќи се откако го забележал предаторот одблизу, Ден решил да ја сними „кул средбата“. Но, средбата набрзо станала насилна, а ајкулата била разбеснета од туристите кои влегле во водата.
Германските нуркачи кои влегле во водата ја исплашиле ајкулата. Ден, зборувајќи за инцидентот во 2018 година, за Tracking Sharks изјави: „Додека снимав, забележав дека еден од меурите што ги ослободи нуркачот ја исплаши ајкулата и таа се сврте да го истражи“.
Ајкулата потоа му ја гризнала ногата на нуркачот, се закачила за неа и му ја откинала.
Тој за Би-Би-Си објасни зошто напаѓаат ајкулите.
„Беше ужасно, не сакаше да го пушти. Целосно му откина мускул од ногата“, се присетил Ден и додал дека немилиот настан го прогонува до ден-денес, а врисоците на туристите сè уште му одѕвонуваат во ушите.
„Во водата имаше големо количество крв. Друг нуркач почна да вреска, се слушаше крикот – крикот во вашето уво. Ужасно е да се слушне“, наведе тој.
По нападот, ногата на нуркачот, за среќа, не морала да биде ампутирана.