На социјалните мрежи се појави видео од местото на терористичкиот напад утринава во Ерусалим.
„Џерусалим пост“ објави дека загинале 24-годишна жена и 73-годишен маж.
הפיגוע בירושלים | תיעוד רגעי הירי הראשונים; שני מחבלים נוטרלו >>> https://t.co/UQv9sy9q04@VeredPelman pic.twitter.com/omB2pYL6qO
— כאן חדשות (@kann_news) November 30, 2023
Од ранетите, еден е во критична состојба, додека три лица се тешко повредени, а три лица се со лесни и умерени повреди.
Израелската полиција соопшти дека „двајца терористи од источен Ерусалим, носејќи (автоматска пушка) М16 и пиштол утринава стигнале до раскрсницата (во населбата) Гиват Шаул во близина на влезот во (западен) Ерусалим и почнале да пукаат кон луѓето кои биле во близина на автобуската станица“.
Се наведува дека „двајца терористи биле убиени од безбедносните сили и еден цивил кој случајно се нашол таму“.
Полицијата брзо го опколила местото на нападот и започнала потрага по областа за да се увери дека во близина нема други напаѓачи.