Најмалку три жени и четири деца загинаа во ракетен напад на пакистанските сили во југоисточниот дел на Иран, јави иранската државна телевизија.
Соопштено е дека загинатите во нападот не се од иранска националност.
Ударите биле насочени кон село во близина на градот Сараван, недалеку од границата.
⚡️ ❗🇵🇰🇮🇷 Videos from Iran confirming attack by Pakistan.
Pakistan Airforce is reportedly been involved in Strikes inside Iran.#Pakistan #Iran pic.twitter.com/QnpZ2tYgNq
— The Macro Story (@themacrostory) January 18, 2024
Пакистан потврди дека извршил „напади врз засолништата на терористите“ во Иран во текот на ноќта, откако во ирански напад на пакистанска територија загинаа две деца.
Како одговор на овој напад, Пакистан го отповика својот амбасадор во Иран и одлучи да го спречи иранскиот амбасадор, кој моментално се наоѓа во неговата земја, да се врати во Пакистан.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан рече дека вооружените сили на Исламската Република ја гаѓале „иранската терористичка група“ Џаиш ал-Адл во Пакистан.
#BREAKING Pakistan has conducted airstrikes inside Iran targeting Baluchi forces, just two days after Iran conducted ballistic missile attack inside Pakistani territory.
Pakistan has targeted seven locations inside Iran, a Pakistan security official told CNN.
Pakistani… pic.twitter.com/PQx1ACH3o5
— Clash Report (@clashreport) January 18, 2024
Џаиш ал-Адл, формиран во 2012 година, изврши неколку напади во Иран во последните години, вклучувајќи го и нападот во декември во кој загинаа 11 полицајци.
Таа група во средата објави дека убила член на Револуционерната гарда во југоисточен Иран, објави новинската агенција Ирна.