📽 Вучиќ си ги „одмери силите“ во шах со српскиот првак на Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска беше домаќин на српската шаховска репрезентација која го освои златниот медал на Европското првенство.

На самиот крај, претседателот одлучи да ги покаже своите шаховски способности.

Имено, претседателот на Србија си ги „одмери силите“ со еден од српските репрезентативци, кој постигна невиден успех на ЕП.

Да потсетиме, Србија на Европското првенство кое се одржува во Будва пристигна како десетопласирана репрезентација, но на крајот до златото стигнаа Алексеј Саран, Александар Претке, Роберт Маркуш, Александар Инѓиќ и Велимир Илиќ, предводени од селекторот Миодраг Перуновиќ.

Спектакуларен успех на Србија ѝ донесоа, пред сè, руските шахисти кои настапуваат за српската репрезентација на првите две табли, Алексеј Сарана и Александар Претке.

Србија ги победи Исланд, Италија, Словенија, Хрватска, Романија, Англија и Грција. Во дуелот со Ерменија е забележано нерешено, а единствениот пораз го претрпе од Германија.

Слични содржини