📽Апокалиптични сцени во Грција: Угинаа повеќе од 40 тони риба

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Грчките власти почнаа да собираат стотици илјади мртви риби кои оваа недела го поплавија туристичкото пристаниште во градот Волос.

Минатогодишните поплави ги истераа и речните риби од вообичаените живеалишта во свежите води.

Мртвите риби ја прекриле површината на морето во пристаништето, а непријатната миризба ги вознемирила жителите и локалните власти, кои побрзале да ја отстранат рибата пред смрдеата да стигне до околните ресторани и хотели.

„Смрдеата се чувствува со километри. Не се работи само за брегот, туку и за центарот на заливот Пагасети“, изјави за Ројтерс членот на градскиот совет Стелиос Лимниос.

Во средата, рибарските чамци ги рашириле своите мрежи за да ги соберат рибите, кои потоа биле однесени со камиони. За само 24 часа се собрани повеќе од 40 тони риба, соопштија властите.

Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, рече дека смрдеата е неподнослива. На прес-конференција тој ја обвини владата која, како што рече, не го решила проблемот пред да стигне до неговиот град.

Тој предупреди дека скапаната риба може да предизвика еколошка катастрофа за другите видови во областа. „Тие не го направија она што беше потребно – да постават заштитна мрежа за да ја спречат солената вода да ги убие рибите“, рече тој.

Сопственикот на ресторан на плажа на десетина километри од Волос, Димостенис Бакојани, вели дека летово сообраќајот му е намален за 80 отсто бидејќи помалку туристи сакале да го посетат местото по поплавите.

„Затворањето на бариерата сега не помага. Сега е доцна, туристичката сезона е завршена“, вели тој. Експертите објаснија дека проблемот е предизвикан од историските поплави минатата година кои ја погодија тесалиската рамнина.

Слични содржини