Минатиот викенд на стадионот „Драгао“ се одигра големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика, а натпреварот го одбележа и судир меѓу домашните навивачи и полицијата.
Очигледно, навивачите на Порто беа незадоволни од дебаклот што го доживеаја, бидејќи тимот од Лисабон победи убедливо со резултат 4:1.
Навивачите на Порто започнаа пресметка со полицајците, кои веднаш реагираа и пукаа кон нив со гумени куршуми.
Porto vs Benfica last night… 🇵🇹👊 pic.twitter.com/o39mRMYFqK
— Football Fights (@footbalIfights) April 7, 2025
За среќа на сите на стадионот, немаше посериозен инцидент.
Инаку, Бенфика го освои првото место на табелата благодарение на победата против Порто и сега има 68 бодови. Брага му направи голема услуга на клубот од Лисабон, кој одигра 1:1 со Спортинг на гости.
Спортинг моментално е на второто место во португалскиот шампионат и има два бода помалку од градскиот ривал.