📽Синот на Трамп го исмева Зеленски во видео: „38 дена до губење на џепарлакот“

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Со својата објава, Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на новоизбраниот американски претседател, ги зголеми шпекулациите дека неговиот татко ќе го прекине финансирањето на Украина, односно нејзините воени напори против Русија, по влегувањето во Белата куќа.

Трамп Јуниор сподели видео објавено од поранешната републиканска кандидатка за потпретседател Сара Пејлин на Инстаграм. „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“, гласи пораката на видеото на кое се гледа како украинскиот лидер стои со тажен поглед покрај новиот американски претседател.

За време на кампањата, Трамп и новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс ја критикуваа администрацијата на Бајден за трошење милијарди за воена помош за Украина.

Во јуни, Трамп го нарече Зеленски „најголемиот трговец од сите политичари“ како одговор на напорите на Киев да обезбеди дополнителна американска помош.

Слични содржини