📽Српските кошаркари ја прославија бронзата на Олимписките игри, Јокиќ запеа „Проклета е Америка!

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Српските кошаркари на интересен начин среде Париз го прославија освојувањето на бронзениот медал на Олимписките игри.

Бидејќи мечот за третото место против Германија се играше рано наутро од 11 часот, српските кошаркари среде бел ден организираа прослава во кафеана во центарот на Париз.

Донесоа и српски пејач кој им ги испеа најголемите хитови на народната музика, а кога на ред дојде хитот на Шабан Бајрамовиќ „Проклета е Америка“, микрофонот го презеде Никола Јокиќ.

Јокиќ го прегрна пејачот и пееше заедно со него, а сите со ентузијазам го следеа.

Секако, Јокиќ алудираше на полуфиналниот натпревар против Соединетите Американски Држави, во кој Србите сметаат дека биле тешко ограбени, а судиите им ја ускратиле борбата за златото.

Слични содржини