🚨ДРЖАВАТА Е ЗРЕЛА ЗА КОЛЕКТИВНА ТУЖБА: Правото на чист воздух е загарантирано со Устав

од Nikola Popovski
89 прегледи

Државата и оваа зима не презеде мерки за заштита на граѓаните од екстремно загадениот воздух. Скопје утрово е најзагаден град во Европа, а друштво ни прават градови како Лахор, Акра, Дака, Кабул…Жителите на главниот град се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.

Поради речиси непостоечка реакција на властите, се чини државата е зрела за граѓанска тужба поради загадувањето.

Граѓаните можат судски да ја тужат државата и да бараат надомест на штета. Ќе може да се поднесуваат и поединечна, но и колективна тужба.

Тоа претходно го овозможи одлуката, односно начелниот став на Врховниот суд со кој граѓаните во постапка пред Управен суд ќе може да бараат да се задолжат надлежните државни органи да ги донесат сите потребни документи од Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, но и да поведат спор против државата во управна постапка, ако им е загрозено здравјето.

Поради катастрофалната состојба на правосудството во земјава и недовербата во него, граѓаните тешко се решаваат на ваков чекор, а уште помали се шансите да добијат надомест на штета заради загрозување на здравјето.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во земјата секоја година умираат до 5.000 граѓани.

Правото на здрава животна средина, инаку, е загарантирано со Уставот на земјата,а во членот 43 се вели: „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“.

Потребна е конечно мобилизација на граѓаните за да се стави крај на загадувачите и оние кои им го овозможуваат истото.

Слични содржини