0 Берово, 1 Тетово, 2 Претор, Струмица, 3 Прилеп, Битола, 5 Скопје..

од Vladimir Zorba
114 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

0 Лазарополе, Берово, 1 Тетово, 2 Претор, Кр. Паланка, Струмица, Маврово, 3 Прилеп, Битола, 4 Ѓуриште, Тополчани, Гевгелија, Крушево, Дебар, Охрид, 5 Скопје Зајчев Рид, Дојран, Пожаране, 7 Виница, Куманово, 8 Д. Капија, 9 Штип.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта преовладуваше ведро и посвежо време, а во западните делови со мала до умерена облачност. Дуваше умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а во Пелагонија, Штипскиот регион повремено се засилуваше и достигнуваше брзина од 50 до 65 км/час. Во вечерните часови во Струмица е регистриран удар на ветер од 80 км/час.  Утринава времето е умерено облачно со сончеви периоди, локално има и зголемена облачност. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Умерено облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 14 до 20 степени.

Скопје Умерено облачно со сончеви периоди и со умерен повремено засилен југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 19 степени.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, особено во западните делови.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови. На повисоките планини во врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка,особено во западните делови . Пообилни  врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Од среда ќе дува умерен до  засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.