10 години по смртта на Садам Хусеин: Агентот, кој го испрашувал откри страшни вистини

од desk3
79 прегледи

Џон Никсон бил аналитичар за ЦИА. Деновиве излезе неговата книга “Брифинг за претседателот: распит на Садам Хусеин”. Во неа тој ги опишува распитите кои ги правел на ирачкиот лидер. Исто открива и некои прилично непријатни вистини.


Еве што пишува тој во својата книга:

Не бев спиел 27 часа, бев страшно испразнет, ​​но веста ми удри таква доза на адреналин, каква досега не бев доживеал. Екипата на специјалните сили го фатиле човекот кој го викавме цел број 1. Беа го извадиле од дупка во земјата. Тој одговараше на описот. Шефовите ми во ЦИА ме печеа на скара, раскажува експертот на ЦИА.

Дали навистина овој развлечен маж е Садам Хусеин, безмилосен диктатор на Ирак? Најбараниот човек во светот. Беше 13 декември, 2003 година. Бев во Ирак веќе осум недели – аналитичар на ЦИА, барајќи траги кои ќе помогнат во фаќањето на Садам и неговите помошници. Тогаш бев повикан да се запознаам со Бзи Кронгард, извршен директор на ЦИА.

Војната за соборување на режимот продолжуваше веќе 9 месеци, но кога станува збор за Садам, постојано се соочувавме со податоци од типот “Елвис беше забележан”. Така беше се до моментот во кој војниците не пребараа фарма во близина на родното село на Садам. Таму тие најдоа голем брадат маж, сокриени во мал подземен бункер.

Потоа група високи офицери ме прашаа во канцеларијата на Кронгард како ќе го идентификувам. Им реков за племенските тетоважи на десната рака на Садам, белегот од куршум на левата нога и долната усна, која благо паѓа во едната страна. Овие работи ги научив од видеата.

Кронгард ме прекина и рече дека треба да сме сигурни дека тоа навистина е тој, а не некаков негов двојник. Митот за многуте двојници на Садам беше повод за шеги во разузнавачките кругови, но решив да си молчам. Потоа претставив листа од прашања, на кои само ирачкиот лидер можеше да даде одговор.

Идентификувањето се одржа на аеродромот во Багдад.
Садам беше човек со харизма. Беше многу висок и здрав. Дури како затвореник, кој знаеше дека ќе биде егзекутиран, зрачеше власт во собата. Прво зборував со помош на преведувач: “Имам неколку прашања за вас. Сакам да ми ја одговориш вистината. Разбираш ли? “. Садам кимна со главата. “Кога последен пат ги виде синовите живи?” Очекував Садам да покаже отпор, но бев изненаден од неговата агресивност.

Ги видов неговите племенски татуси и долната усна. Сега морав да видам рана од куршумот. Имаше многу работи што сакавме да знаеме. Како избегал од Багдад? Кој му помогнал? Тој, сепак, одговараше само на прашањата на кои сакаше. “Зошто не ме прашуваш за политика? Ќе научиш нешто од мене “, извика тој. Тој исто така изрази силно негодување од односот на војниците, кои го беа довеле овде.

Сеуште бев недоверив. Тој беше човек кој уби свои луѓе без дури да се замисли, а сега се жали од неколку гребнатини. Тој ја крена облеката, во која го донесоа за да покаже рана на ногата. Видов стара лузна. Тоа рана од куршум ли е, прашав го јас. Тој одговори позитивно . Го имав последниот доказ. Го фативме

Убаво, го фатија Садам, но сега тој мораше да ја каже вистината за својот режим, особено за оружјето за масовно уништување, кое послужија за изговор за инвазијата. Тој, сепак, само ни се потсмевна. “Најдовте предавник кој ве одведе до Садам Хусеин. Нема ли барем еден предавник кој ќе ви каже каде се овие оружја за масовно уништување “, рече тој.

Тој продолжи, велејќи дека Американците се глупави хулигани, кои не го разбираат Ирак и сакаат да го уништат. “Ирак не е терористичка земја. Не сме имале контакт со Осама бин Ладен. Не сме имале оружје за масовно уништување. Не сме закана за нашите соседи. Но американскиот претседател Џорџ Буш помладиот рече дека Ирак сакал да го нападне тато му, дека имаме оружје за масовно уништување “, рекол уште Садам.

Игнорирајќи неговите провокации, го прашавме Садам, дали некогаш размислувал да користи оружје за масовно уништување за нанесувањето на превентивен удар на американските војници во Саудиска Арабија. “Никогаш не сме ја разгледувале употребата на оружје за масовно уништување. Никогаш не било разговарано. Да се ​​користи хемиско оружје против светот? Да не сте откачиле? Кој ќе ги користи овие оружја, ако такви не биле користени против нас? “, одговори тој.

Воопшто не очекувавме да го слушаме ова. Како тогаш Американците се измешале? Садам имаше одговор: “Духот на сослушувањето и разбирањето го нема. И јас сум виновен за тоа “. Дали не измислуваше, ја изопачуваше вистината, за да ја спаси гордоста?

Зборувајќи за вистината за газењето на Халабџа, Садам рече: “Тоа беше одлука што не ја донесов јас”.

Низа години го проучував Садам и никогаш не се сомневав во информацијата дека доведе неговиот очувот од Тикрит го тепал како мал. Многумина психолози, го анализирале оддалеку, и велеа дека токму заради боја Садам стана толку суров и сакал да има нуклеарно оружје. Со текот на распитите сепак, Садам успеа да ги изврти моите претпоставки наопаку, велејќи дека неговиот очув бил најмилиот човек кој тој е познавал: “Ибрахим Хасан – Господ да го благослови. Ако имаше тајна, требаше да ја каже прво на мене. Ме сакаше повеќе од неговиот роден син “.

Садам исто брзо го негираше учеството во нападите од 11 септември. “Гледај кои се вмешани. Од кои земји дојдоа. Саудиска Арабија. Лидерот , од Ирак ли беше? Не. Беше Египќанец. Кој според вас е вмешан во нападите? “, рекол ирачкиот лидер. Садам всушност веруваше дека нападите од 11 септември ќе ги приближат САД и Ирак, бидејќи Вашингтон ќе има потреба од световниот режим, кој ќе му помогне во борбата против фундаментализмот.

Во текот на нашите разговори, ние често слушаме далечни експлозии. Садам претпоставуваше дека работите не одеа добро за Американците и се радуваше. “Ќе пропадне се. Ќе дознаете дека не е воопшто лесно да се управува Ирак “, рекол тој. Историјата покажа дека тој се покажа во право. “Зашто вие не разбирате јазикот, историјата, и арапското размислување. Тешко е да се запознаат Ирачаните без да се знаат природата и историјата . Разликите се како ноќта и денот, лето и зима. Затоа велат дека Ирачаните се тврдоглави, поради летната жега “, рече уште Садам.

Садам е егзекутиран во крајот на 2006 година.

Во 2007 година бев повикан во Белата куќа. Буш побара да му кажам каков човек беше Садам. Му реков дека тој беше доста харизматичен и самокритичен. Тоа му пречеше на Буш. Тогаш брзо објаснив дека вистинскиот Садам бил саркастичен, арогантен и садист. Тоа го поуспокои.

Тој го погледна потпретседателот Дик Чејни и погледите им се собраа како да знаеја нешто. Кога го напуштив кабинетот Буш се пошегува: “Сигурен ли си дека Садам не ти кажал каде ги сокрил цевките со антракс”. Сите во собата се насмеаа, но според мене шегата беше несоодветна. Америка изгуби над 4000 војници. Брифинг за претседателот: распит на Садам Хусеин на Џон Никсон. Книгата е на пазарот од 29 декември.